Златан Ибрахимовиќ е принуден да тренира дома поради коронавирусот.
„Ова животно не може да се скроти“ е пораката на Златан Ибрахимовиќ откако објави снимка од тренингот дома.
Под видеото имаше многу коментари за поддршка испратени до фудбалерот на Милан. Ибрахимовиќ е позитивен на коронавирус, но не чувствувал никакви симптоми.
„Ковид има храброст да ме предизвика. Лоша идеја“, изјави шведскиот фудбалер претходно.
Засега нема информации до кога фудбалерот ќе отсуствува од терените, но тој покажа дека враќањето во форма нема да биде проблем бидејќи тренира напорно.
Тренерот на Милан, Стефано Пиоли нема да може да смета на него на натпреварот од третото коло во Серија „А“ против Специја.
На првите два натпревари во текот на новата сезона, Ибрахимовиќ постигна три гола.
This animal cannot be tamed pic.twitter.com/iBZQyrauxo
— Zlatan Ibrahimović (@Ibra_official) October 2, 2020