Ибрахим: Парламентарното мнозинство е стабилно, ќе се зголеми и бројот на проевропските пратеници

од Destan Jonuzi
491 прегледи

„Парламентарното мнозинство е стабилно, а верувам дека ќе се зголеми и бројот на проевропските пратеници за уставните измени“, вели во изјава за „Локално“, Енес Ибрахим – претседател на Партијата за движење на Турците (ТХП).

– Парламентарното мнозинство е стабилно. Верувам дека ќе се зголеми и бројот на проевропските пратеници. И покрај блокадите на ВМРО ДПМНЕ законите кои се битни за граѓаните поминуваат од Собранието. Како Партија за движење на Турците (ТХП) секогаш сме спремни на избори. Но дали е времето за нови избори? Како одговорна партија веруваме дека за време на економска-енергетска криза изборите се непотребни. Владата добро го менаџира овој процес. Често се промовираат нови мерки за подобрување на стандартот на граѓаните, изјави Ибрахим за „Локално“.

Според него, Северна Македонија е пред голем предизвик во однос за членство во ЕУ.

– Верувам дека ќе завладее разумот и во опозицијата и ќе се зголеми бројот на проевропските пратеници што ќе гласат за уставните измени, нагласи тој.

Д.Ј.

Слични содржини