Ибрахимовиќ донесе победа за Манчестер Јунајтед

од Vladimir Zorba
63 прегледи

 

Со двата гола на Златан Ибрахимовиќ екипата на Мачестер Јунајтед вечерва оставри победа на гостувањето кај ВБА со 2:0 во натпревар од 17.коло од Премиер лигата. Ибрахимовиќ головите ги постигна во 5.минута и во 56.минута. Ова е трета победа во низа за „црвените ѓаволи“ со што фаќаат приклучок со екипите од врвот на табелата.
Лидерот на табелата Челзи денеска ја постигна 11.та победа во серија и го обезбеди првото место на полусезоната.
Резултати на натпреварите од 17.коло: Кристал Палас – Челзи 0:1, Мидлсброу – Свонси 3:0, Стоук – Лестер 2:2, Сандерленд – Вотфорд 1:0, Вест Хем – Хал 1:0 и ВБА – Манчестер Јунајтед 0:2.
Утре се играат три натпревари: Бурнемут – Саутемптон, Манчестер Сити – Арсенал и Тотенхем – Барнли. Колото ќе биде комплетирано во понеделник со градското дерби на Ливерпул (Евертон – Ливерпул).
Табела: Челзи 43 бодови, Ливерпул 34, Арсенал 34, Манчестер Сити 33, Тотенхем 30, Манчестер Јунајтед 30,

Слични содржини