310
Пратеникот од последниот парламентарен состав, Самка Ибраимоски, информираше во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ денеска, дека платата која што му следува од Собранието, за време на борбата против болеста Ковид 19, решил да ја донира по неколку семејства, главно за подмирување основни намирници.
-Во овој тежок период на биолошки-економска војна, треба да има солидарност, независно дали се бизнисмени, пратеници, функционери, треба сите солидарно да помогнеме. Има луѓе кои можат да помогнат, затоа што ни економијата во овој момент не може да опстане, изјави Ибраимоски.