ИД презеде одговорност за нападот во Лондон

од Aleksandar Petrovski
244 прегледи

Џихадистичката организација Исламска држава соопшти дека напаѓачот, кој вчера избоде случајни минувачи на Стритхем во јужниот дел на Лондон, е еден од нејзините борци.

– Напаѓачот во реонот на Стритхем, јужен Лондон, е борец на ИД и го извршил нападот како одговор на повик за напад врз државјани на земји кои припаѓаат на глобалната коалиција која се бори против ИД, се наведува во соопштението на терористичката организација, објавено преку социјалната мрежа Телеграм.

Мажот, кој носел „лажна експлозивна направа“ и беше застрелан од лондонската полиција откако вчера избоде со нож две лица, бил минатиот месец ослободен од затвор. Тој отслужувал затворска казна поради распространување на терористички материјали, објавија британските медиуми.

Слични содржини