Највкусниот летен овошен десерт

Потребни состојки:
450 грама малини
2 белки од јајце
100 грама шеќер
4 лажици вода
2 лажици лимонов сок
300 грама шлаг
Начин на подготовка:
Матете ја белката додека не добиете цврста снежна смеса. Потоа, во друг сад, измешајте ги шеќерот и водата и ставете ги на оган додека не се зовријат, и не се претворат во густ сируп. Внимателно и постепено сипете од сирупот во смесата со белките и потоа нежно измешајте.
Измијте ги малините, изгмечете ги и додајте ги во лимоновиот сок. Потоа измешајте ги со смесата со белките. Во друг сад, изматете го шлагот (одвојте малку на страна за декорација) и двете смеси соединете ги и оставете ги во замрзнувач на околу 1 час.
Префрлете го парфето во чинија за послужување и декорирајте го сладолед и свежи малини.