Иден ѝ се јавила на својата сестра, а потоа била киднапирана од Хамас: Еве што последно ѝ кажала

од Stefanija Kuzmanovska
875 прегледи

Терористите на Хамас држат 240 заложници во Газа, а нивната судбина се уште не е позната.

Меѓу заложниците е и Иден Јерушалми, која го прославила својот 24-ти роденден во заробеништво на Хамас.

Само една недела претходно таа се забавувала и танцувала со своите пријатели на музичкиот фестивал „Нова“ во близина на кибуцот Реим, кога терористите упаднаа и почнаа да убиваат и киднапираат луѓе.

Кога терористите извршиле брутален напад врз учесниците на фестивалот, Иден веднаш ја повикала својата постара сестра Шани. Секој кој има постара сестра знае колку е природен овој избор, во случајот на Иден бил судбоносен.

Шани, заедно со нивната најмлада сестра Меј, се заклучила во соба во куќата на нивната мајка и во следните четири часа останала во контакт со Иден која успеала да им побегне на терористите. Ниту еден момент не ја оставиле сама.

Шани ѝ велела на Иден да дише, сугерирајќи ѝ да молчи и да се преправа дека е мртва. Иден се криела во автомобил заедно со пријателите кои веќе биле убиени. Таа ја собрала сета своја храброст и, следејќи го советот на нејзината сестра, се сокрила во грмушките. Сестрите останале во контакт.

Во еден момент слушнале пукотници и метеж од другата страна. Потоа, по четири часа агонија, Иден успеала само да каже: „Шани, ме фатија“ и врската била прекината.

Сè уште ништо не се знае за Иден.

Слични содржини