Идентификуван возачот кој вчера со автомобил влечеше врзан коњ, известен јавен обвинител

од Vladimir Zorba
39 прегледи

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во врска со видеото кое вчера беше споделено на дел од социјалните медиуми на кое се гледа како лице кое управува патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки има врзано коњ за куката од возилото и така се движи низ градското подрачје, од страна на полициски службеници од СВР Скопје беа преземени мерки и активности со цел утврдување и документирање на сторител на кривично дело „мачење на животни“ предвидено и казниво по член 233 од Кривичниот законик.

-По сите преземени мерки и дејствија, СВР Скопје го утврди возачот на возилото, при што со него е извршен службен разговор и известен е јавен обвинител, по чии насоки ќе биде изготвено Известување до ОЈО Скопје со целокупниот документиран материјал, со цел понатамошно постапување, стои во соопштението од МВР.

Слични содржини