Идентификувано бебето чие обезглавено тело беше пронајдено на плажа во Шпанија

од Stefanija Kuzmanovska

Бебето чие тело без глава беше пронајдено на плажа во Шпанија е идентификувано, соопшти полицијата. Според нив, станува збор за осуммесечно бебе кое починало откако на 6 април кај Балеарските острови се превртел брод со мигранти.

Според информациите тогаш загинале 15 лица, меѓу кои и родителите на бебето. Цивилната гарда соопшти дека дрвениот чамец го напуштил Черчил во Алжир на 21 март и бил на море 17 дена пред катастрофата.

Телото на бебето беше откриено на 11 јули на плажа во одморалиштето Коста Дорада, Рода де Бера. Градоначалникот на Пере Вирџили тогаш изјави дека детето можело да се наоѓа на брод со мигранти кој потонал во Средоземното Море.

Форензичарите заклучиле дека телото на бебето било во вода помеѓу две недели и два месеца. Наведено е дека на неговото тело недостасувале неколку делови заедно со главата, а се верува дека е пронајдено во напредна фаза на распаѓање, пренесува „Мирор“.

ДНК тестовите покажаа совпаѓање со нејзината мајка.

Рода де Бера е 25 минути возење северно од градот Тарагона на источниот брег на Шпанија.

Слични содржини