ИДФ се судрија со вооружени Палестинци во северниот дел на Појасот Газа

од Radmila Tasevska

Припадниците на израелските одбранбени сили (ИДФ) се судрија со вооружени Палестинци кои наводно излегле од тунел во северниот дел на Појасот Газа, во близина на Ерез.

Како што јави Израелското воено радио, силите на ИДФ убиле голем број вооружени напаѓачи.

За време на судирот биле користени и минофрлачи, поради што се огласиле сирените во околината на населбата Нетив Хасари, јавија израелските медиуми.

Командата на ИДФ се уште не го коментира овој инцидент.

Израелските сили објавија дека копнените сили продолжиле да дејствуваат во северниот дел на Појасот Газа, убивајќи припадници на Хамас и уништувајќи локации кои припаѓаат на терористичката група.

Израелските сили, исто така, им наложија на воздухопловните сили да извршат напади врз зградите што ги користи терористичката група.

Слични содржини