Иднината на пазарот на трудот – роботите заземаат се повеќе работни места

од Vladimir Zorba

 

 

 

Роботи, автоматизација, вештачка интелигенција – машините ќе ни одземат милиони работни места. Дали е тоа проклетство или корист?CCgCFy

Кристофер Миме првпат се соочува со моќта на машините на доста нерзвозен начин. Репортерот, кој пишува за технолошки блог, бил на забава во Технолошкиот институт на Масачусетс (МИТ) кога во еден агол го видел роботот Бакстер – машината која може да го пресврти пазарот на трудот.

– Бакстер изгледаше осамен, раскажува Миме. Новинарот му пришол на робото и го одвел до кутија со мали предмети. Прститре на Бакстер фатиле еден од предметите. Потоа Мимке го довел до маса на која Бакстер го оставул предметот. Потоа роботот неуморно почнал да ја извршува штотуку научената задача. Миме доста невешто му ги покажал основните движења. Бакстер совесно си ја вршел работата, како што би можел да ја изврши и работник во магацин во Амазон, а да ја научи, му биле потребни само неколку секунди.

Овој пример покажува дека следниот бран на автоматизацијата и дигитализацијата во корен ќе го промени пазарот на трудот каков што го познаваме, ритоа многу побрзо отколку и мислиме. Експертите спорат како тоа ќе го смени и нашето општество.

Дали не се навестува масовна невработеност?

Или ќе настапи доба во која човекот едноставно нема да биде човек, затоа што ќе треба да вложува се помалку време за да и ја организира исхраната и ќе му остане се повеќе време за самоосознавање?

Зошто оваа револуција на пазарот на трудот е поинаква?

Затоа што не е првпат кога трудот е исправен пред радикални промени. Всушност, досега на сила беше нешто како природен закон: секој степен на автоматизација водеше о нови работни места на ново еволуциско ниво. Работата во повеќето случаи беше побранувачка и се помалку опасна за здравјето при работа, која беше поставувана од претходното поколение.images (38)

Пред 200 годиии, .70 проценти од Американците работеле на фарми, а сега со тоа се занимаваат едвај еден процент. Откако машините ја презеле работата на земјоделците, полските работници заминувале во фабрики каде се произведувале комбајни. Кога робитите стигнале и до произвидствените линии во фабриките, работниците се фатиле за поддршка на тие машини и тогаш изникнале многу нови професии.

НО сега нештата би можело поинаку да се развиваат.

– Овој пат не само физичките активности е бидат заменети со интелектуални. Овој пат машините ќе преземаат и се покомплицирани движечки дејности, подвлекува Ендрју Макафи, истражувач во МИТ и коватор на книгата „Втората ера на машините: како следната дигитала револуција може да ни ги смени животите“.

Автопилотите веќе можат самостојно да го преземат управувањето со авионот Болиг 787, и во следните децении тие ќе ја преземат работата на шофери на камиони и такси. Наскоро писма, пратки и пици ќе можат да бидат доставувани преку дронови, а додека синдикатите преговараат за минималната плата на хигиеничарите, некои компании веќе експериментираат со роботи за чистење на прозорци и тоалети. Роботите правосмукалки пак, веќе одамна се продаваат по умерени цени.

Финансиски стартап компании, таканаречените ФинТекс, како банкарски консултанти предлагаат чат бонови (компјутерска програма разработена да симулира интелигентен разговор преку аудио или текстуални методи) или софтвер кој ќавтоматски ќе открива грешки направени од компании, и ќе го советува раководството. Такашто наскоро можат да станат излишни многубројни работни места во контролата и конуслтирањето на клиенти.

Болници го користат системот со вештачка интелигенција, Вотсон на Ај-Би-Ем при дијагностиицирањето на рак,, а се повеќе операции ги изведуваат роботи. ИТ гигантот Алфабет ја шири својата услуга Гугл ток, за да ја претвори во кол центар на иднината – еден ден клиентите ќе можат да ги испраќаат прашањата на чет, а мрежната програма најбрзо можно ќе им испраќа одговор. Човек од колцентарот ќе се вклучува само кога програмата нема да знае го да одговорот.

– Луѓето со продуктивни професии исто не треба да се чувствуваат безбедни напиша Кевин Кели, основач на технолошкото списание Ваерд. Веќе постојат машини кои пишуваат песни, стихозбори, романи и весникарски статии со се поголем квалитет.

Така што секоја професија треба да биде засегната револуцијата која надоаѓа на пазарот на трудот. Само во САД. 47 проценти од трудовите дејности се пред затворање, стои во истражување од Универзитетот Стенфорд, во кое внимателно биле проучувани 702 професионални сфери. Засегнати се сите сектори – од земјоделието преку индустријата до услугите. Се повеќе комплицирани дејности се дигитализираат, а промента доаѓаат се побрзо.

Побрзо, поевтино, поумно

Искористувањето на индустриски роботи е рентабилно не само во земји со традиционално високи плати. Исто и во Кина во последниве неколку децении милиони луѓе ја загубија работата во производството. Еден производител на електроника во јужниот дел од земјата во моментов гради фабрика каде 90 проценти од луѓето работници се заменети со роботи.

Според проценка на Бостон консалтинг груп, расходите за индустриските роботи ќе продолжат брз да се намалуваат. Уште во 2025 година замената на луѓето со роботи можеби ќе биде рентабилно, дури и во земјите во развој, како што е Мексико. Социјалнте последици ќе бидат големи, затоа што токму во таквите земји работат многу висококвалификувани работници кои не можат да бидат преквалификувани толку брзо. Од друга страна, наскоро ќе можат да бидат заменети и децата кои работат во текстилните фабрики во Индија.

Вештачката интелигенција исто бележи брз напредок, исто како и роботиката. Компјутерите веќе се во состојба да ја следат архитектурата на човечкиот мозок во таканаречените веронски мрежи и самостојно да го учат процесот. Колку побрзо „стануваат паметни“ машините стана јасно на почетокот на годинава кога компјутер развиен од огранокот на Гугл дипмајнд го победи најдобриот играч на светот во го – кинеска игра во која интуицијата има важна улога. Има толку многу можни чекри што професионалните играчи исто дејствуваат по инстинкт, па дури и најмоќниот компјутер не би можел да ги предвиди сите чекори. Експертите мислеа дека ќе бидат неопходни уште повеќе години додека компјутерот го надмине човекот.

Исто толку брзо машините ќе му конкурираат на човекот и во други области – на пример, во формирањето на платите во сферата на човечките ресурси или во анализата на податоци при корпоративни консултации.

Работата на иднината

Што тогаш ќе се случи откако машините се побрзо и пообемно ќе ни ја земат работата? Експертите се поделени по тоа прашање. Некои од нив веруваат дека во иднина ќе се појават нови професии.

Кај професиите на иднината фантазијата не познава граници.

Според Алисон Сандер од Бостон консалтинг груп наскоро можат да станат популарни професии: специјалист за борба против стареењето, автор на истории и виртуелна реалност, градски фармер, психолог за домашни миленици и, се разбира, сите видови компјутерски и софтверски специјалисти, како и вработени за поддршка и чистење на роботи.

Други експерти се попесимисти. професорот од Харвард и поранешен министер за финансии на САД, Лари Самерс, очекува дека повеќето работни места ќе бидат ќе бидат загубени, отколку што ќе се појават нови.

– Работниците ќе треба да бидат се подобро квалификувани за да не бидат заменети од машините, се согласува неговиот колега од Харвард, Гаутам Мукунда. Следствено, обуките ќе станат поскапи и наскоро е многу веројатно дополнителната квалификација на работниците да стане нерентабилна.

Ако може да му се верува на Сандерс и на неговиот колега, професиите кои ќе бидат на располагање во општеството наскоро ќе се издефинираат. „Но тоа не мора обврзно да доведе до социјални немири“, подвлекува Мекафи. Дури и ако политичарите се справат вешто со промената.

– Револуцијата на машините има една голема и важна предност, вели Мекафи. Продуктивноста ќе се зголеми толку многу што наскоро општеството ќе може да си дозволи посилни системи за социјална безбедност, па можно е дури да биде воведен и безусловен минимален доход.

При такво сценарио, на луѓето нема да им се наметнува да работата за да се прехранат. Одеднаш тие ќе имаат повеќе слободно време кое ќе си го посветат себеси: тогаш ќе треба да се запрашаат зошто се воопшто на овој свет. Може и да направат машини за да го најдат одговорот.

Заклучок: пазарот на трудот е исправен пред брза, сеопфатна и потенцијално разорителна промена. Индустриските роботи ќе станат се поевтини и поспособни. истовремено, вештачката интелигенција има свој брз развој. Во секторите на земјоделието, индустријата и услугите милиони работни места се под закана.

Но продуктивноста брзо ќе порасне. некои експерти стравуваат од социјални безредија, други се убедени дека социјалните системи наскоро ќе станат пообемни, а луѓето ќе треба да работат значително помалку

Шпигел – Хамбург

Слични содржини