Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС), го објави новиот извештај за набљудувањето на квалитетот на дискусијата во Собранието во периодот од 7 април до 30 јуни 2016. Констатирано е дека недостасува или опаѓа говорот со аргументи или 60 проценти настапуваат неаргументирано во дебатите на пратениците во македонскиот парламент парламент клупи

Пратениците  според овој извештај најмногу дискутираа околу Предлогот за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов, предлогот за нов министер за финансии и за Предлог на закон за изменување на Изборниот законик.

Според истражувањето, поголем дел од дискусиите на набљудуваните теми и седници отпаѓаат на пратеници од мнозинството – 53%, а помал дел 47% на опозицијата.

„Учеството на говорите во вкупниот број на дискусиите е најмало досега. Најголем дел од дискусиите – 78% отпаѓаат на реплики и контрареплики, а 15% на говори. Најголем дел од говорите и контра-репликите отпаѓаат на опозициски говорници, најголем дел од репликите отпаѓаат на говорници од мнозинството“, стои во извештајот.

Исто така, на најниско ниво досега опадна степенот на аргументираност на дискусиите споредено со претходните набљудувани периоди. Институтот потенцира дека најбројни се дискусиите без никаква аргументација – 60%, потоа следат тие со слабо образложение – 19%. Еден аргумент е идентификуван во 12% , а два и повеќе од два аргументи се воочени во само 9 % од дискусиите.

„Во дебатата за импичментот на опозициските пратеници отпаѓаат поголем дел од дискусиите со повеќе од два аргумента (71%), два аргумента (64%) и еден аргумент (56%), како и мнозинство 62% од дискусиите со слабо образложение. На пратеници од мнозинството отпаѓаат 58% од дискусиите без никакво образложение“, се вели во извештајот.

Опаднал и процентот на дискусии во кои пратеници директно одговараат на аргументи упатени до нив од други говорници на само 11%, споредено со 16% во претходниот период.

Истовремено, зголемен е процентот на случаи во кои говорниците искажуваат непочитување и делумно непочитување

Според извештајот, поголем дел од случаите во кои на аргументите се одговара директно припаѓаат на опозициски пратеници. Поголем дел од дискусиите во кои аргументите целосно се игнорираат или на кои говорниците само делумно одговараат им припаѓаат на пратеници од мнозинството.

„Пратениците повторно останаа затворени за туѓите аргументи и можноста за менување на својата позиција“, стои во извештајот на ИДСЦС.

Слични содржини