„Ифимес“: Ѓукановиќ може да биде сведок на Тачи во Хаг

од Vladimir Zorba
218 прегледи

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ можеби наскоро ќе треба да оди во Хаг како сведок на одбраната за претседателот на Косово, Хашим Тачи, за кого беше поднесено обвинение за воени злосторства пред Специјалното обвинителство и Судот за воени злосторства, според Меѓународниот институт за балкански и источни студии – „Ифимес“, повикувајќи се на меѓународни извори и аналитичари.

Според анализата на институтот од Љубљана за состојбата во Црна Гора пред изборите, меѓународни извори имаат информации дека Ѓукановиќ ќе биде сведок на Тачи.

Изворите потсетуваат дека тој требаше да биде сведок во одбраната на еден од највисоките функционери од Србија пред Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија во Хаг, но тој се заканил на семејството на обвинетиот, а српскиот функционер подоцна го откажа барањето за сведочењето на Ѓукановиќ.

Во делот на анализата под наслов „Парламентарни избори во Црна Гора 2020: Крајот на ерата на Мило Ѓукановиќ“, „Ифимес“ смета дека затоа е оправдано да се постави прашањето дали Ѓукановиќ ќе го стори истото во случајот со Тачи.

Слични содржини