iFixit со интересни откритија за Pixel 3 XL

од Vlatko K
102 прегледи

Екранот на Google Pixel 3 XL е произведен од Samsung. Ова го покажа проверката на можностите за поправки на уредот, направена од iFixit. Откритието е интересно затоа што само пред година, панелите за претходниот модел беа дело на LG Display и очигледно од Google решиле да го сменат снабдувачот.

Паметниот телефон доби оценка 4 од 10 за поправки, што е вообичаено за предводниците во последниве години. Од iFixit откриле дека користените завртки се стандардни Torx T3 што дефинитивно го олеснува расклопувањето.

Отстранувањето на батеријата е исто така направена со мисла за лесна замена. Тоа сепак не може да се каже за евентуална замена на екранот која бара комплетно расклопување на телефонот. Другите лоши вести се употребата на многу лепило на задниот стаклен панел, што го прави многу тешко за отстранување.

Слична е ситуацијата со NFC антената која е залепена на батеријата, како и со звучниците кои се залепени за долниот дел на шасијата.

Пристапот до матичната плоча, која содржи USB-C порта, слот за SIM картичка и антена, исто е тежок и бара отпечатување на делот за звучниците.

Од iFixit исто така откриле дека матичната плоча на Pixel 3 XL е покриена со сериозно количество термална паста, која треба да помогне на пренесувањето на топлината кон шасијата.

Расклопувањето на помалиот уред покажува дека тој користи дисплеј на LG Display.