ИЈЗ: Евидентирани 32 реинфекции со корона од 20 до 26 септември

од Nikola Popovski
508 прегледи

Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во периодот од 20 до 26 септември покажуваат дека регистрирани се 32 реинфекции со Ковид-19, што е намалување од 12,5% во однос на претходната недела.

Од почетокот на пандемијата досега тој број е 555.

Во статистиката на ИЈЗ има податок и за пациент кој трет пат се заразил со корона.

– Од она што го знаеме е дека тие завршуваат со симптоми за лесна и средно тешка клиничка слика и кај нив оние тешки форми и смртен исход се многу малку веројатни, вели д-р Злате Мехмдовиќ специјалист по медицина на труд.

Слични содржини