ИЈЗ регистрира 707 оздравени пациенти од ковид

од Берта Китинска
408 прегледи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3109 тестирања, а регистрирани се 1182 нови случаи на ковид-19

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 707 оздравени пациенти од: Скопје-375, Куманово-33, Штип-22, Прилеп-46, Тетово-53, Велес-29, Битола-3, Охрид-2, Кавадарци-17, Гостивар-21, Гевгелија-18, Струмица-15, Крива Паланка-1, Радовиш-3, Крушево-2, Кочани-20, Пробиштип-3, Демир Хисар-3, Пехчево-4, Берово-3, Валандово-2, Делчево-3, Кратово-3, Свети Николе-9, Неготино-17.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 53631, бројката на оздравени пациенти е 31659, на починати е 1487, а бројот на активни случаи изнесува 20485.

Слични содржини