ИЈЗ: Се намалува бројот на позитивни случаи со Ковид-19

од Nikola Popovski
226 прегледи

Институтот за јавно здравје информираше за состојбата со коронавирус во земјата во периодот од 06.09 до 12.09, при што може да се заклучи дека има намалување во бројот на позитивни случаи.

-Се забележува намалување на заболените лица кај скоро сите возрасни групи, со најголемо намалување кај возрасната група од 20-29 години (за 40,1% помалку во однос на претходната недела), а кај возрасната група од 0-9 години се забележува зголемување од 11,8% во однос на минатата недела, велат од ИЈЗ.

Според нив, по добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 3.946 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, зголемување од 4,6% во споредба со минатата недела.

-Во текот на мината недела вкупно е пријавенa 31 реинфекциja, намалување од 13,9% во однос на минатата недела. Пријавени се 142 смртни случаи во 22 градови во текот на изминатата недела, најголем дел од нив се од Скопје (47), Струмица (13), Куманово (12) и Гостивар (11). Најголем број (n=106; 74,6%) од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, стои во извештајот на ИЈЗ.

Слични содржини