ИЈЗ: Секој што имал тешка алергиска реакција откако примил вакцина против ковид не треба да добие втора доза

од Берта Китинска
209 прегледи

Ретко можат да се појават несакани ефекти по примањето на која било од достапните вакцини за КОВИД-19. Според ИЈЗ, доколку се појави текшка алергиска реакција откако се примила вакцината, не треба да се добие втора доза од Модерна или Фазјер.

– Некои луѓе имаат несакани ефекти од вакцината, што се нормални знаци дека нивното тело гради заштита. Овие несакани ефекти можат да влијаат на нивната способност да вршат секојдневни активности, но тие треба да исчезнат за неколку дена. Некои луѓе немаат несакани ефекти, а алергиските реакции се ретки. Несаканите ефакти кои можат да предизвикаат долгорочен здравствен проблем се крајно невообичаени по каква било вакцинација, вклучително и вакцинација против КОВИД-19. Ако се појават негативни ефекти, тие вообичаено се случуваат во рок од 6 недели од примање на доза на вакцина. Вообичаени несакани ефекти: се болка црвенило, оток, замор, главоболка, треска, гадење и мускулна болка. Тешки алергиски реакции по вакцинацијата со КОВИД-19 се ретки, скоро и да ги нема. Секој што имал тешка алергиска реакција откако примил вакцина против КОВИД-19 не треба да добие втора доза од која било од вакцините mRNA КОВИД -19 (Moderna или Pfizer-BioNTech), соопштува ИЈЗ.

Слични содржини