Шведската компанија за мебел со достапни цени, ИКЕА, ја претстави својата прва колекција посветена на домашните миленичиња.

Колекцијата се вика Lurvig, што на шведски значи „влакнесто“ и се состои од интересен мебел и додатоци за мачиња и кучиња.
И на нив треба да им биде удобно дома, па во оваа колекција ќе најдете креветчиња, фотелји, тунели за мачиња…
Моментално е достапна во продавниците на ИКЕА низ САД, Јапонија, Канада и Франција, а во другите држави се очекува да стигне во март, 2018-та.