Благодарение на проширената и виртуелна ставрност, луѓето пред да купат ќе можат виртуелно да го испробаат мебелот од продавниците на Икеа.

Притисокот од Amazon и другите интернет продавници е се поголем врз класичните продавници, па тие мора да се прилагодат на пазарот, развојот на технологијата и дигитализацијата.
Една од компаниите која е свесна дека ако сака да продолжи со успешниот бизнис во иднина, с о промени треба да почне што поскоро е Икеа.
Микаел Валдсгард, шеф на дигиталната трансформација во оваа компанија во неодамнешен разговор за CNN рече дека се свесни оти светот се менува, а со него и очекувањата на корисниците, па тие последните години спроведуваат бројни експерименти за да дознаат што сакаат муштериите.
Еден од експериментите кои овој шведски гигант има намера да ги спроведе се однесува на проширена стварност, се попопуларна технологија која ја развиваат светските технолошки компании.
Во соработка со Apple, Ikea развива апликација со поддршка за проширена стварност која на корисниците ќе им овозможи визуелизација на производите од оваа комапнија во нивниот дом, пред да го купат производот, што ќе им помогне да се одлучат кој ормар, маса или друг мебел сакаат да го купат. Корисниците на почетокот ќе ја имаат оваа можност со 600 производи, а потоа ќе се проширува и на останатиот асортиман.
Ikea веќе неколку месеци на своите купувачи во некои продавници им овозможува користење на апликација со виртуелна стварност за разгледување на нивните кујни, а може да направат и виртуелни палачинки.
Икеа, која е позната по центрите за купување надвор од градовите, пред две години почна да отвора мали продавници близу центарот на градовите, од каде купувачите кои ќе купат нешто може да го подигнат производот. Ова се прави затоа што сметаат дека за некои купувачи нивните центри се предалеку.
Уште еден новитет кој го воведе Икеа е и привремената pop-up продавница, каде се промовираат производи за кујна и спална. Имено во ресторанот во Лондон луѓето можат сами да си зготват храна користејќи ги производите на Икеа, а во друга продавница тие можат да уживаат во излежувањето во спална соба, каде може да добијат и доручек во кревет.