Илчев: Македонија и Бугарија се како близнаци од филмот со Шварценегер и Дени де Вито

од Nikola Popovski

Иако проблемот со Бугарија и С. Македонија не е единствена појава во Европа, односот на Македонците кон Бугарите е единствен, рече Иван Илчев, член на заедничката бугарско-македонска комисија за историски прашања и поранешен ректор на Универзитетот во Софија.

Тој ги споредил двете земји со комедијата „Близнаци“, во која Арнолд Шварценегер и Дени де Вито глумат браќа близнаци.

„Многу вакви близнаци се родени на Балканот во последните седумдесет години: Романија и Молдавија, Грција и Кипар, Албанија и Косово, Србија и Република Српска, Турција и Северен Кипар, Бугарија и Македонија. Сепак, сите овие близнаци ја познаваат својата мајка и ја признаваат врската со неа. Единствениот близнак на кој не му се допаѓа неговата крв е Северна Македонија“, рекол Илчев.

Тој истовремено додаде дека Бугарија, без оглед на изјавите на Зоран Заев и Стево Пендаровски, не го отфрла постоењето на македонскиот идентитет.

„Не можеме да им забраниме да се нарекуваат себеси како што сакаат. Ако сакаат, не мора да се нарекуваат Северни Македонци, туку Јужни Ескими. Тоа е нивно право и истото важи и за јазикот. Можеби не го сакаме тоа. Ние не го доведуваме во прашање тоа, но не сакаме тие да тврдат дека имаат право на историја што е всушност заедничка“, заклучил Илчев.

Фото: BGNES

Слични содржини