Вчерашниот инцидент со Димитриевски беше само рутинска контрола на СВР Куманово, каде што се констратирало дека има затемнети стакла, платил казна и со тоа се докажало дека не е во право, вели кандидатот на СДСМ за градоначалник на општина Куманово, Оливер Илиевски во гостувањето на емисијата „24 анализа“.
Според него, тие се бореле против селективноста, а „самиот Димитриевски бара селективност, иако технички возилот не било исправно“.
-Мене пајак служба ми го крена возилото, не бев во право, си платив казна, па не снимав со телефонот како што правеше тој вчера. Да снимате и такви драми да правите е недозволиво. Го наследил изгледа глумењето од Тони Михајловски, бидејќи се гледа како ВМРО-ДПМНЕ и Димитриевски соработуваа, а сега зборува за режим. Тој соработува со тогашниот режим, обвинува Илиевски.