Илиевски: И покрај малиот тираж, „Ла Верита“ не е за потценување

од Nikola Popovski

Богдан Илиевски за „Само вистина“ истакна дека италијанскиот весник „Ла Верита“ бил истиот медиум кој што го урнал СЈО.

„Не треба да го потцениме кредибилитетот на весникот што го има, и покрај малиот тираж од 15.000 примероци. Ова што го прочитав денес е поприлично скандалозно. Досега мислев дека немаме вакцини, затоа што се елементарно неспособни да ги набават, но од денес е можно дека дури и со набавката да било бизнис во прашање. Не се случила зделка, но сметам дека имало обид. Јас би прашал како е возможно фирма-медијатор од Хонг Конг да има поголем кредибилитет за набавка на вакцини од една Влада на една држава. Тогаш дај таа нека ни ги води сите ресори и тековни работи“, изјави Илиевски за емисијата „Само вистина“.

Кинески „Синофарм“ го вратил авансот за вакцините бидејќи Македонија ангажирала фантом фирма од Хонг Хонг, објави денес италијанскиот весник „Ла Верита“ во текст со наслов „Битка помеѓу Кина и Русија за Балканот“.

Слични содржини