Илиевски: Компанијата која ги добива 90% од тендерите сега трча по гласови за Димитриевски

од Берта Китинска

Кандидатот за градоначалник од СДСМ, Оливер Илиевски, во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 обвини дека компанијата која ги добивала 90% од тендерите во Куманово, сега трчала по гласови за независниот кандидат Максим Димитриевски.

„Градежната компанија која гради улици и патишта во Куманово, која добива 90% од тендерите во општината, се растрчани на сите страни да бараат гласови за Димитриевски, затоа што со реконструкција на улица и изградба на улици и летно одржување, првата година асфалтираа за 1 милион евра 2,2 километри улица“, порача Илиевски.

Слични содржини