Илиевски: Костиќ ја условуваше новата систематизација со нејзино вработување во филхармонијата

од Vladimir Zorba
237 прегледи

Директорот на Македонската филхармонија Виктор Илиевски вечерва во вестите на 1 тв одговори на јавните прозивки на сега разрешената председателка на управниот одбор на филхармонијата.Бранка Костиќ Милосавлевиќ.

Таа претходно обвини дека на домашна адреса добила решение потпишано од министерот за култура за разрешување од функцијата прв човек на управниот одбор на филхамонијат и дека зад оваа одлука стои директорот Виктор Илиевски со чие влијание министерот ја разрешил. Изнесените тврдења на Костиќ во некој портали денеска според директорот Илиевски се лаги и клевети.

Тој потврди дека министерот бил известен дека претседателката на управниот одбор два месеца не ја става на дневен ред точката за усвојување на новата систематизација на филхармонијата со која ке се вработат уште 19 лица. Таа според директорот Илевск тоа го правела од лични причини бидејки условувала за нејзино вработување но според него неприфатливо и незаконск е таа како председател на управниот одбор да добие и вработување во редовен работен однос. Ке беше навистина штета тие 19 лица да не бидат вработени само заради тоа што таа го попречуваше тоа и затоа министерот кој беше цело време информиран донесе решение да ја разреши за да се одблокира донесувањето на новата систематизација,рече директорот Илиевски.