Кандидатот за градоначалник од СДСМ за Куманово, Оливер Илиевски на денешната прес-конференција во населбата „Иго Тричковиќ“, одговарајќи на новинарски прашања и коментирајќи ги последните случувања во Куманово, кажа дека изборот на граѓаните е едноставен, проекти од една страна и како што потенцираше, заборавен град како за време на режимот.
– Изборот е едноставен. Ние сите проекти кои се инвестирани во Куманово, изминативе четири години се инвестиции од страна на Владата, 95 проценти од вкупните инвестиции. Изборот е тој или ќе имаме инвестиции во Куманово или заборавен град како во време на режимот. Маските паднаа, јас пред некое време на една дебата кажав дека има непринципиелни пазарења во Куманово со јавните претпријатија. Имаме и дополнителни информации кои доаѓаат од спротивниот табор дека крајна цел на таа непринципелна коалиција е продажба на „Куманово-гас“, продажба на ЈП „Пазаришта“ и јавноприватно партнерство на „Чистота и Зеленило“. Ние нудиме инвестиции во Куманово, тие нудат продажба на Куманово, изјави Илиевски, коментирајќи го вчерашното укажување на Заев од Скопје.
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Охрид соопшти дека ќе ги поддржи кандидатите на опозицијата, вклучително и во Куманово