Илијевски: Народот на Србија нема да остави да остане во канџи на автократ

од Vladimir Zorba
519 прегледи

Народот на Србија нема да чека уште 5 години за промени. Нема да остави да остане во  канџи на еден автократ. Ќе падне многу порано. Ако се повтори гласањето Вучиќ ќе падне, тој води со еден глас плус, вели во разговор за „Локално“, претседателот на партијата на Македонците во Србија Горан Илијевски, во својата мини-анализа за вчера завршените избори кај нашиот северен сосед, а поконкретно за изјавата на против-кандидатот на актуелниот српски претседател, Здравко Понош дека овие избори се „почеток на крајот на Вучиќ“.

Илијевски изборите во Србија ги оценува како скандалозни.

– Покрај сите неправилности, купување на гласови, закани, тепачки, паралелни списоци изнесени од избирачки места, сепак тука е и повлекување на РИК и недавање изјави за единстевен официјален орган на државната управа. Ова е дерогирање на државата кога институција официјална за пребројување и давање резултати е повлечена до 20 часот.  Ова не е прв пат да се излегува со партиски изјави за резултатите пред РИК, а на последни избори податоци што ги изнесе Вучиќ беа неточни за излезност над 51% кога беше бојкотот што сите го пренесоа, а РИК дури неколку дена подоцна официјално објави околу 49% излезност, смета . Во Србија нема државни институции, се решава Вучиќ, неговата е прва и последна. Затоа во Србија е тотална диктатура на еден човек, автократ.  СНС се подготвуваше за тие неправилности кои се применуваа на сите изборни места, додава тој,

Според Илијевски, освен војната во Украина на Вучиќ во победата му помогнале медиумите.

-Украинската криза му помогна на Вучиќ. Тие така наречени патриотски десничарски партии добија многу на значење не само кај нас, туку и во Унгарија, Орбан победи. Во воена состојба, Владата тешко се менува, тогаш  добиваат тие патриоти, десничари.  Регионот зависи целосно од тоа како ќе се одвива состојбата во Србија. Вучиќ ќе има притисок од Европа да се изјасни дали е проруски или проевропски ориениран, дали ќе воведе санкции кон Русија. Тоа се две алтернативи и со едната и со другата не е добро.  Ни самиот Вучиќ не знае на кај да оди. Тој ја освои победета со поддшка од сите национални медиуми инаку немаше да победи, вели тој.

Илијевски е дециден дека Вучиќ нема да го изгуби Белград.

– Единсвено ако се повтори гласањето и РИК пресуди дека има неправилности може да е пресудно, но Вучиќ има мнозинство во Собрание со 1 глас, така да не е можно, вели Илијевски во својата анализа за завршените избори во Србија.

М.А.

Слични содржини