Илјадници Европјани протестираа ширум Германија

од Vladimir Zorba
113 прегледи

 

Илјадници луѓе протестираа денеска ширум Германија и други европски држави за да искажат поддршка за идејата за обединета Европа.

Неделните протести почнаа минатата година како обид да се изборат со националистичките чувства на европскиот континет кои често се искажуваат како противење на Европската унија.

На протестите во Берлин, Франкфурт, Келн и други градови луѓето носеа знамиња на ЕУ. Протестите ги организира групата Пулс на Европа.