Илјадници готвачи го испратија т.н. “Папа на француските гурмани – неофицијалниот светски шампион на готвачи”

од Марта Пешевска
83 прегледи

1500 готвачи од целиот свет и илјадници обожаватели го испратија Пол Бокјуз, наречен “Папа на француските гурмани”. Луѓето него не го жалат, туку му се поклониваат, рече еден од нив.

Пол Бокјус почина 91 година на 20 јануари во својот дом во поранешно село, кое сега едно предградие на Лион. Виртуози во кулинарскит свет и обични обожаватели му оддадоа последна почит на Монсју Пол, како шго нарекуваше целиот свет во катедралата Сен Жан во Лион.

Францускиот министер за внатрешни работи Жерард Колон и поранешниот министер за надворешни работи Лоран Фабиус, приврзаници на гастрономската дипломатија, исто така присуствуваа. Пол Бокјуз, кујната ја издигна на рамниште на уметност и тоа на светско ниво. Тој, се смета за основач на “новата кујна”, која држи до квалитет на производите и за кои тој велеше дека се е ништо во чинијата ако не покаже сметката.

Неговиот ресторан над неговата родна куќа е меѓу малкуте со три ѕвездички Мишлен. Супа од тартуфи Валери Жискар Дестан, филе со тестенини или кравјо сирење од регионот на Гренобл, а за десерт ванила сладолед, е идеално за мени на маестрото.

Ние мора да бидеме внимателни – кога мислиме дека успеавме, не успеавме. Секогаш треба да сме подобри, велел Бокју, витез на Легијата на честа и во чие име наградата е наречена неофицијалниот светски шампион за готвачи.