451
На плажа на финскиот остров Хаилуото се појавија илјадници ретки „ледени јајца“, а фотографијата од овој феномен ја снимил фотографот Ристо Матила.
„Бев на плажа со сопругата Марјаниеми. Беше сончев и ветровит ден, но околу минус еден степен“, наведува тој. Фотографот вели дека досега не видел ништо слично на ова.
Експрети велат дека овој феномен е предизвикан од реткиот процес во кој ветерот и водата тркалаат парчиња мраз, кои поради движењето го добиваат овој овален, јајцевиден облик.