Околу 3.000 луѓе се собраа во Џенова за погребната церемонија и погребот на жртвите од падот на автопатот Моранди  во Џенова.

 

Потсетуваме  дека бројот на трагично загинатите е 41 лице . НА крајот на истрагата под урнатините биле пронајдени уште три лица – едно 9-годишно дете и неговите родители. Нивниот автомобил бил  целосно смачкан од бетонските блокови на мостот.

  Пред неколку часа, властите во Џенова објавија дека е пронајдено тело на друг човек, 30-годишен маж. Така жртвите на трагедијата се 42 лица.

Спасувачите претпоставуваат дека ова е последното лице загинато во инцидентот.

На погребната церемонија беа погребани 18 лица. Церемонијата ја водеше Архиепископот на Џенова, Анџело Багногоја.

На погребот присуствува претседателот на Италија Серџо Матарела, премиерот Џузепе Конте, вицепремиер Матео Салвини и Луиџи ди Мајо, други членови на италијанската влада и фудбалери од двата најголеми фудбалски клуба во Џенова – “Џенова” и “Сампдорија”. Тие беа поздравени со аплауз од собраните луѓе.

  Погребот беше  емитуван во живо од националното радио и телевизија во Италија.

Ова, сепак, предизвика силно незадоволство кај некои од родителите и роднините на загинатите.

Многу скоро мртвите луѓе ќе ја обвинуваат владата за трагедијата , пишува The Guardian.

” Државата го предизвика ова,  а присуството  на политичарите е срамно “, рече мајката на 26-годишен маж, кој почина во инцидентот, заедно со уште тројца мажи на слична возраст.