Илјадници луѓе на улиците: Победничко славје низ Црна Гора (видео)

од Nikola Popovski
303 прегледи

Илјадници луѓе денеска излегле на улиците да го прослават резултатот од вчерашните избори во Црна Гора. Во многу градови се развиорени српските и црногорските знамиња, луѓето пеат и се радуваат, а на некои места симболично возат и трактори.

Голем број на граѓани се собрале во Подгорица, палејќи бакли и скандирајќи меѓу другото „Мило крадецу“. Прослави има и во Будва, Херцег Нови и Беране, пренесуваат српските медиуми.

Славјето следува откако лидерите на коалициите „За иднината на Црна Гора“, „Мирот е нашата нација“ и „Црно-бело“, Здравко Кривокапиќ, Алекса Бечиќ и Дритан Абазовиќ, објавија заедничка изјава дека се договориле за повеќе принципи врз кои ќе ја формираат идната влада. Меѓу другото, се договориле таа да биде експертска, влада која ќе ги спроведе меѓународните обврски и реформи за што побрз влез на Црна Гора во ЕУ.

https://twitter.com/zelenascg/status/1300504754775355393?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1300504754775355393%7Ctwgr%5E&ref_url=https%3A%2F%2Fpulsembed.eu%2Fp2em%2FvWSze9AN-%2F