Претставник на египетското разузнавање денеска изјави дека неговата земја, која често посредувала меѓу Израел и Хамас, постојано предупредувала за заканите од Појасот Газа, односно за „нешто големо“ и дека израелските власти ги минимизирале тие закани.
Според неименуваниот функционер, тие се фокусирале на друга палестинска територија, окупираниот Западен Брег.
Владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху е составена од приврзаници на еврејските доселеници на Западниот Брег кои побараа сузбивање на палестинските екстремисти поради зголеменото насилство во изминатите 18 месеци.
„Ги предупредивме дека наскоро доаѓа експлозија на ситуацијата и дека ќе биде голема, но тие ги потценија таквите предупредувања“, изјави претставникот, пренесе АП.
Исламскиот екстремистички Хамас, кој владее со Појасот Газа, изврши ненадеен напад врз Израел во саботата рано наутро.
Netanyahu warning Palestinians to flee Gaza has two problems:
1. Israel and Egypt prevent them from leaving.
2. A warning to flee does NOT absolve the Israeli military of the duty not to attack civilians who stay. That's what it did in 2006 in S. Lebanon. https://t.co/ONiXCJDBgH— Kenneth Roth (@KenRoth) October 8, 2023
Со поддршка на бараж од ракетни истрели насочени кон јужниот и централниот дел на земјата, вооружени членови на Хамас влегоа на југот на Израел.
Земјата официјално објави војна во неделата и одобри „значајни воени чекори“ за да му се одмазди на Хамас.
Израелската армија се уште се обидува да го истисне Хамас од населените области на југот, а воздушните напади врз Појасот Газа, каде досега се раселени повеќе од 123.000 луѓе, се засилени.
Над 1.100 луѓе беа убиени, а илјадници беа ранети од двете страни.