Им „прекипе“ со Мегваер? Јунајтед со барање за централен дефанзивец на Дортмунд

од Vladimir Zorba

Манчестер Јунајтед испрати барање до Борусија (Дортмунд) за централниот дефанзивец Мануел Акаџи.

Според „Дејли Мејл“, Ралф Рангник, кој е привремен менаџер на тимот, но ќе продолжи да игра значајна улога во клубот по летото, рече дека е добро да се засили конкуренцијата во центарот на одбраната и капитенот Хари Мегваер да има алтернатива.

Иднината на Фил Џонс и Ерик Баји на „Олд Трафорд“ е неизвесна, а многу е можно и двајцата да си заминат на лето. Така Јунајтед останува со само тројца играчи за овие позиции – Мегваер, Варан и Линделоф.

26-годишниот Аканџи има договор со Борусија на уште 16 месеци. „Жолто-црните“ веќе одредиле цена од 26 милиони фунти, додава „Дејли Мејл“. Во Германија дури тврдат дека веќе има официјална понуда од Манчестер Јунајтед.

Сепак, англиското издание инсистира дека се уште нема такво нешто, а од „Олд Трафорд“ само ја проучуваат ситуацијата околу играчот.

Инаку, останатите приоритети за летната селекција на Манчестер Јунајтед се привлекување на нов дефанзивен играч за врска и напаѓач.

Слични содржини