Им се заканува затвор од 20 години заради свадбени фотографии: Брачен пар обвинет за откривање на државни тајни

од Aleksandar Petrovski
141 прегледи

Брачна двојка од рускaтa западнa ексклавa на Калининград, која се соочува со затворска казна до 20 години за откривање на идентитетот на таен агент кој се појавува на нивните свадбени фотографии, се соочуваат и со обвиненија за откривање државна тајна на странска разузнавачка служба, јавуваат руските медиуми.

Антонина Зимина, директорка на Балтичкиот центар за дијалог на културите и нејзиниот сопруг Константин Антонјетс се обвинети за предавство, откако на нивните свадбени фотографии се појави поранешен соученик и сегашен службеник за контраразузнавање на Федералната служба за безбедност (ФСБ), кој се појави на социјалните медиуми и на телевизија „Балтик“, пренесува „Москва Тајмс“.

Како што изјави во четвртокот таткото на Антонина Зимина за новинската агенција РСЕ / РЛ, која е финансирана од САД, парот сега е официјално обвинет за пренесување доверливи информации на членовите на разузнавачката служба во Латвија.

Антонјетс, наводно, дошол до тие информации кога бил адвокат на министерот за економија од регионот Калининград, објави весникот „Комерсант“ минатата недела, повикувајќи се на неименувани извори. Како што се наведува, станува збор за документи кои содржат податоци за активностите на регионалните разузнавачки служби и проекти финансирани од локалната власт.

Цитирајќи ги анонимни извори, Znak.com во четвртокот објави дека Антонјетс дистрибуирал таен документ во врска со јавно достапна одлука за помош на администрацијата на Калининград, за жителите на специјалната економска зона. Поранешниот заменик министер за економија од овој регион, наводно, сведочел против него.

Таткото на Антонина Зимина тврди дека поранешниот заменик министер во своето сведочење рекол дека Антонјетс и Зимина однеле доверливи документи во Латвија пред три или четири години, откако Антонјетс учествувал во составувањето на истите.

Зимина и Антонјетс беа уапсени во 2018 година, а судењето започна зад затворени врати во мај.

Двојката ја негира вината. Таткото на Зимина претходно изјави дека агентот на ФСБ, капетанот Максим Денисенко, зборувал отворено за својата работа и дека тој на двојката им ја дал визит-картичката на нивната свадба во 2015 година.

Односите меѓу Русија и Летонија и нејзините балтички соседи, кои се во ЕУ и во НАТО, се затегнати уште од распадот на Советскиот Сојуз и откако Русија го анектираше Крим. Во последниве години, руските власти ги обвинија поединците за предавство и откривање на државни тајни, вклучително и научници и новинари.