Има 60 години а изгледа двојно помлад: Ова е режимот на исхрана на Бред Пит

од Stefanija Kuzmanovska

Познатиот актер и најголемиот заводник на Холивуд, Бред Пит привлече големо внимание на трибините, меѓу навивачите на финалето на Вимблдон, каде Карлос Алкараз го победи Новак Ѓоковиќ.

Многумина забележаа дека актерот во последно време многу работи на својот изглед, бидејќи изгледа како да има 30 години. Во сина кошула, разбушавена коса, со очила за сонце, Бред изгледаше како на почетокот на кариерата, иако „ситно брои“ до 60-та година.

Според британскиот медицински директор на Њујоршката дерматолошка група, д-р Костас Папагеоргиу, Бред Пит навистина се грижи за својот физички изглед.

„Тој не се обидува да изгледа помладо, но изгледа како најздравата верзија на себе. Изгледа дека Бред се грижи за лицето и вратот и ги штити од сонцето и на тој начин ја зачувува еластичноста на кожата“, наведе д-р Костас и истакна дека Бред сигурно не правел видливи операции и ботокс.

„Иако Бред би можел да направи операција на блефаропластика за да ги корегира горните очни капаци, тој е доволно паметен да го избегне тоа и да го задржи природниот изглед“, нагласи д-р Костас, додавајќи дека гените веројатно играат голема улога во неговиот изглед.

Неговиот изглед предизвика лавина коментари, додека многумина се заинтересираа за неговата исхрана. Покрај тоа што се труди да се храни здраво, актерот има и тренинзи кои му ги тонираат мускулите. Во една прилика откри дека држи одредени диети по потреба, односно дека има посебен режим на исхрана до кој строго се придржува.

МЕНИ:

Појадок: Јајца (шест белки, седум жолчки) и 75 грама овесна каша со суво грозје

Ужина: Конзервирана туна и пченичен леб

Ручек: Две парчиња пилешки гради, 75-100 грама кафеав ориз или тестенини и зелен зеленчук

Пред тренинг: Протеински шејк и банана, или протеинско чоколатце

После тренинг: Протеински шејк и банана

Вечера: Риба или пилешко на скара, кафеав ориз или тестенини, зеленчук и салата

Вечерна ужина: протеински шејк или нискокалорично сирење

Диетата на Пит се состои од 2.000 калории дневно, што му дава доволно енергија за секој тренинг и доволно протеини за да изгради мускули.

Слични содржини