Има домаќинства кои енормно трошат струја и си топлат базени, вели Бислимовски

од Берта Китинска
406 прегледи

Регулаторната комисија за енергетика прави анализа што би значело воведувањето на блокови во домаќинствата на тие што трошат многу и нерационално електрична енергија со цел да им се испрати сигнал да инвестираат во ефикасни начини на греење, кажа првиот човек на регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски во „Студио 10“.

-Премногу е рано да се каже како ќе се воведат блоковите за домаќинствата имајќи предвид дека само 1 процент користат 20 проценти струја наменета за домаќинставата. Тие ја користат нерационално, иаме информации дека и базените ги загреваат со греачи кои користат струја, вели тој кој уште еднаш порача дека рационално треба да се користат енергенсите и да штедиме.

Бислимовски најави и рестрикции за електричната енергија, особено за оние домаќинства кои енормно трошеле струја.

Слични содржини