„Има иднина“ за Македонија- промовирано Граѓанско здружение за нов почеток!

од desk3
99 прегледи

55
Денеска во хотелот „Холидеј Ин“ во центарот на Скопје официјално беше премовирано Здружението на граѓани „Има иднина“. Професорите Јове Кекеновски и Владимир Лазаревиќ, поранешниот министер за образование Сулејман Рушити и пензионираниот генерал Илија Николовски се главни иницијатори и поддржувачи на идеја за формирање на ново граѓанско движење. Тие за прв пат на едно место отворено проговорија за своите граѓански концепти и идеи, притоа најавувајќи сериозна понуда и платформа за излез од политичката криза и враќање на демократијата во Македонија. Помеѓу гостите на денешниот промотивен настан можеше да се забележат истакнати аналитичари, интелектуалци, граѓански активисти, членови на политички партии, универзитетски професори и познати бизнисмени

– Ќе се обидеме да ја вратиме довербата во слободата, правдата, вистината, вербата во дијалогот и соживотот. Добредојдени се сите кои мислат добро на државата, на присутните им се обрати професорот Кекеновски кој појасни дека здружението нема за цел да стане политичка партија туку ќе делува како граѓанска иницијатива која што ги обединува луѓето коишто се незадоволни од состојбите во државата. За себе лично рече дека останува да биде член на ВМРО-ДПМНЕ.

Владимир Лазаревиќ пак рече дека движењето се случува во еден исклучително тежок политички момент кој ја создава потребата за ослободување на целокупната креативност на граѓаните независно од нивната политичка, етничка, религиска или бил кој друг вид на припадност.

– Минуваме низ мошне тежок период, но тој период нуди и шанса за нешто што се нарекува нов почеток. Затоа и денеска го формираме здружението на граѓани „Има иднина“, за унапредување на демократските и политичките процеси, изјави Владимир Лазаревиќ, еден од главните иницијатори на движењето.

Тој дури и откри „Зошто токму сега „Има Иднина“?

– Секоја криза е можност за нов почеток. Јас сум сигурен дека токму оваа криза, која не само што е политичка, туку е криза на вредностите за кои се залагаме, криза на системот во кој живееме и во кој се изместени основните постулати за тоа што е добро, а што е лошо, што е нормално, а што не е неормално. Што е вистина, а кое е лага“, рече Лазаревик.

Професорот притоа изјави дека токму оваа системската криза која кулминира последниве недели, ја раѓа „Има Иднина“ како здружение на граѓани кои сакаат да мислат поинаку. Кои сакаат и можат да им подадат рака на сите граѓани да се обединат. Секој граѓанин да се почувствува важен, да се почуствува свој. Криза, која толку бргу не придвижува кон потребата сите заедно да креираме нов систем преку континуиран процес на дијалог со граѓаните“, рече еден од главните иницијатори на новото граѓанско движење.

– Иницијативата на поединецот, индивидуалната слобода, првадата и демократијата се вредностите кои се поставени како стожер на гаѓанското движење „Има иднина“, нагласи Лазаревик во обраќањето пред присутните и додаде: Секој граѓанин да се почуствува важен, да се почуствува свој. Криза, која толку бргу не придвижува кон потребата сите заедно да креираме нов систем преку континуиран процес на ДИЈАЛОГ со граѓаните.

Најавувајќи ги контурите на ова ново граѓанско движење, Лазаревик рече „отвараме процес на дијалог со граѓаните кој ќе ни овозможи да создадеме систем кој ќе се најбљудува самиот себеси. На граѓаните ќе им по нудиме почетни концепти за дијалог за сите теми, и ќе ги менуваме преку нивниот континуиран придонес. Ке ги согледуваме нивните потреби и ќе го трансформираме системот согласно потребите“.

Инаку за време на промоцијата прозборе и поранешниот министер за образование од редовите на ДПА, Сулејман Рушити, според него „сведоци сме на невиден варваризам и сите се чувствуваме како затвореници во држава која една група на луѓе ја има узурпирано и приватизирано, нагласувајќи дека граѓаните се обединуваат против режимот независно од нивната етничка припадност.

Како граѓанин се обрати и генералот во пензија Илија Николовски, кој потенцираше дека никој нема право да молчи.

– Јас сум граѓанин кој не сака да шепоти и не сака да го исклучува својот телефон. Не можеме да молчиме и да криеме заради нашите деца и внуци. Многу мои колеги ги немаат видено своите внуци затоа што нивните деца заминале во странство“, истакна Николовски.

Во наредниот период од здружението најавија дека планираат да го реализират и првиот проект „Дијалог со граѓаните“, прва конкретна иницијатива која вклучува организирање трибини во повеќе градови, на кои ќе се води директен дијалог со граѓаните.

 

Извор: Фаланга