Не постои опасност по безбедноста, ниту некогаш сме дозволиле да постои, вели премиерот Христијан Мицкоски, запрашан откако од ДУИ излегоа со соопштение дека доколку „Уставниот суд одлучи да ги уништи постигнувањата на Охридскиот договор, последиците ќе бидат непоправливи, а ние не можеме да преземеме одговорност за што може да се случи потоа“.
Според него, веќе предупредувале дека имало обиди за нарушување на безбедноста, а ова е еден таков обид.
-Има некои места каде што се состануваат поединци кои сакаат да направат безбедносна тензија. Ние како држава и Влада ќе сториме се за да гарантираме безбедност посебно сега, во услови кога сите индикатори, економски параметри, ниво на странски инвестиции, зголемени плати, реформи, раст на БДП,… одат во позитивна насока. Ние сме свесни дека тие елементи кои сакаат да не влечат назад во политичкото мочуриште и во минатото, но граѓаните да бидат сигурни дека многу анализираме и работиме со нашите стратешки партнери. Ниту тие ние, ниту Владата ќе дозволи да има какви било безбедносни проблеми, кажа премиерот на прес-конференција во Владата.