Има одоговорност! Груeвски по големиот пораз не одговори на прашањето за оставка

од Vladimir Zorba
121 прегледи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во првото обраќање по локалните избори, на кои, според неофицијалните резултати неговата партија е поразена, рече дека имало бројни нерегуларности, кои довеле до ваков резултат.


Според него, кампањата поминала нерегуларно, со притисоци, дури и со убиство, со поткупување гласачи.

За изборниот ден нанижа бројни нерегуларности од повеќе гласачки ливчиња, како и гласачки ливчиња од една општина најдени во друга општина, до притисоци врз членови на неговата партија.

Рече дека сите нерегуларности се забалежани и ќе бидат поднесени претставки до надлежните институции.

„Се трудеа да влијаат на луѓето и нивната мотивираност. Полицијата беше ставена во партиска функција. Од многу страни добивме информации за директен обид за поткуп на гласачи. Скоро и да немаше ден да нема пријава за некој наш кандидат или градоначалник“ – вели Груевски.

„Изборите не се завршени“, порача Груевски, кој не одговори дали по големиот пораз ќе си поднесе оставка од лидерското место во партијата.

Тој рече дека по завршување на изборите во партијата ќе бидат разгледани сите фактори кои придонеле до ваков резултат, а потоа ќе се донесат одлуки за понатамошното дејствување.

Во седиштето и пред  партијата, сепак беше траорно и празно, а на пресот по поразот  не дојдоа голем дел од функционерите и поддржувачите на Груевски и ВМРО ДПМНЕ.