„Има таков народ“ ќе ги поканат на разговори за дискусија за формирање нова влада сите парламентарни партии и коалиции, освен ГЕРБ-УДФ, потврдија за медиумите двајцата пратеници Станислав Балабанов и Филип Станев, пренесува БГНЕС.
Партијата на популарниот ТВ водител Слави Трифонов, која освои најмногу гласови на предвремените парламентарни избори прва ќе добие мандат за формирање кабинет.
Раководството на „Има таков народ“ веќе испратило писма за средба со лидерите на Бугарската социјалистичка партија, „Стани БГ! Доаѓаме“ и „Демократска Бугарија“.
„Состаноците ќе се одржат во зградата на Националното собрание. Ќе испратиме писма до сите политички партии со покана. Претпоставувам дека состаноците ќе се одржат во следните неколку дена. Важно е тие да бидат јавни. “, рече Станислав Балабанов од ИТН.