Напрегнатост се создава на пристаништето на островот Родос, каде од страна на локалните жители се подготвува голем протест против израелските воени акции во Појасот Газа, односно изгладнувањето на цивилите. На грчкиот остров треба да пристигне израелски туристички брод со гости од Израел.
Како што јавуваат грчките медиуми, месните жители велат дека не сакаат израелски туристи да го посетуваат островот додека не се прекине војната во Газа.
На пристаништето се поставени плакати „Сопрете ја војната во Газа!“ и палестински знамиња.
Регионалниот управител ги предупреди жителите на Родос дека нивните дејствија ја компромитираат Грција како туристичка и демократска држава.
Михалис Хрисохоидис, министерот за граѓанска заштита, којшто раководи и со полицијата, најави дека врз демонстрантите ќе се применува законот за борба против расизмот, односно ќе бидат апсени оти не дозволуваат странци што легално влегле во земјата да посетуваат места што сакаат да ги посетат.
Првиот протест на грчките острови проти израелски туристи беше тој на островот Самос, по што се протестираше и на островот Крит.