Имаат лидерски особини: Три хороскопски знаци кои се родени да водат тим

од Vladimir Zorba
106 прегледи

Има луѓе кои се истакнуваат во работата во тим. Не затоа што сакаат (иако понекогаш навистина сакаат), туку затоа што ја имаат таа невидлива лидерска енергија.

Знаете дека ќе организираат групен проект, знаат кој доцни, кој најмалку работи, а кој само „клима со главата“ на состаноци.

И не, не мора да викаат, едноставно им се слуша зборот. Еве за кој се работи:

Јарец

Јарецот е шеф кој нема да ве прегрне кога ќе се зафркате, туку утре ќе ви испрати табела со план како да го избегнете повторно. Неговиот пристап е едноставен: дисциплина + труд = успех. И кога водите тим, сè мора да има ред, структура и долгорочна стратегија. Нема да викаат или драматизираат, но ќе ве гледаат со оној поглед кој вели: „Сериозно?“. И одеднаш сите почнуваат да прават подобро. Јарците се најсигурните лидери. Нема да ве остават на цедило, дури и кога сите останати ќе исчезнат. Само не заборавајте го извештајот. Или што барал од тебе. Или онаа ставка од минатонеделниот план.

Лав

Лавот е лидер кој инспирира, мотивира и ве тера да сакате да бидете најдобрата верзија од себе, само за да го добиете неговото признание. Тој води со енергија, ентузијазам и непоколеблива самодоверба. Кога Лавот ќе каже нешто, тоа звучи како мотивациски говор. Дури и ако тој само зборува за нешто што му се случило во текот на викендот. Неговиот стил на лидерство вклучува голема доза на харизма и верба дека можеме да направиме се. Тимот го сака затоа што е забавен, полн со идеи и знае како да застане зад тимот. Само не заборавајте да му кажете дека е одличен. Затоа што на Лавот, колку и да е шеф, сепак му треба аплауз.

Скорпија

Скорпијата е тивок лидер. На состанокот нема да вреска, но се ќе знае. Сите. Кој озборува, кој само се преправа дека работи и кој навистина работи. Неговата сила лежи во анализата, интуицијата и способноста да ја чита ситуацијата три чекори понапред. Кога води тим, Скорпијата бара лојалност, посветеност и искреност. Нема простор за блефирање бидејќи гледа се. Но, ако сте му лојални, тој ќе застане зад вас дури и кога сите ќе ги кренат рацете. Тој не е најнежниот шеф, но дефинитивно е оној кој најмногу ја разбира динамиката меѓу луѓето. Само не лажете. Никогаш.

Слични содржини