Имаат право луѓето да си бараат затезна камата, вели Мицкоски по поништувањето на Законот за солидарен данок

од Nikola Popovski
34 прегледи

Сега опозицијата нека излезе пред граѓаните и нека им објасни дека заради хирови на нивната Влада од џебот на граѓаните ќе се одлеат 50 милиони за солидарниот данок кој Уставниот суд го поништи, коментира премиерот Христијан Мицкоски. Ќе бараме решение, вели тој, најавувајќи дека ќе разговара со компаниите кои плаќале солидарен данок.

-Имаат право луѓето да си бараат затезна камата, имаат право на се, не е ова нешто коешто е чудно или не е вистинито. Судската одлука на Уставен суд е конечна, јас нема да ја коментирам. Со министерката за финансии разговарав за да направиме мапирање на тие компании, ќе пристапиме поединечно на сите нив една по една, и ќе најдеме решение, како и за сè друго што наоѓаме, рече премиерот.

Во однос на тоа дали некој ќе одговара за ова, Мицкоски порача дека и таа можност се разгледува.

Ќе враќаме близу 50 милиони евра на близу 160 компании кои со солидарниот данок беа оданочени во 2022, одлучија уставните судии. Овие компании ќе можат поединечно да бараат враќање на парите во рок од пет години, изјави по седницата претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски. Тој објасни дека одлуката е поништувачка а не укинувачка од причина што со укинувањето и дали со тоа ќе беше постигната правдата спрема овие компании.

Иако нема рокови до кога државата ќе треба да им ги врати средствата на компаниите, Костадиновски е уверен дека сепак тоа ќе може да се реши со меѓусебни спорови. Данокот беше воведен како мерка за справување со економските последици од кризата во 2023 година, за компаниите кои во 2022 година имале вкупен приход поголем од 615 милиони денари.

Слични содржини