Фантазијата на јапонскиот уметник Такаши Мураками е спој на високата и ниската перцепција на естетското. Реткиот спој на стилизирање идеи, карактери, го прават Мураками инспиративен и во светот на мангата. Препознатлив по шареноликоста што понекогаш потсеќа на наивност, делата на Мураками се метафорични и го опишуваат бидувањето во светот.
Делата на Мураками се надреални, халуцинативни и припаѓаат на нео-попот, уличната уметност (streеt art), проткаени со јапонската традиција.