Европскиот суд за човекови права пресуди дека Романија и Литванија дозволиле на нивна територија да бидат сместени тајни затвори на ЦИА.

Во затворите биле притворени и злоставувани Палестинец и државјанин на Саудиска Арабија. Како што пренесе АП, судот соопштил дека државјнаниот на Саудиска Арабија Абд ал Рахим Ал Нашири, кој подоцна е пратен во затвор во заливот Гвантанамо, бил притворен и злоставуван во Романија од септември 2003 до октомври 2005 година.
Судот затоа ја повика Романија да го истражи случајот и да ги казни одговорните, но како што напоменува агенцијата, Букурешт негира дека на нивна територија има какви и да се установи на Централната разузнавачка агенција на САД, (ЦИА).
Судот соопти и дека Литванија на својата територија обезбедила да се наоѓа затвор на ЦИА од февруари 2005 до март 2006 година, каде бил затворен Палестинецот Абу Зубајдах, осомничен дека ги планирал нападите од 11 септември 2001 година.
Адвокатот на Ал Нашири ја окарактеризира пресудата на судот како „остар укор на срамните обиди на Романија“ да прикрие дека обезбедила на својата територија постоење на таен затвор на ЦИА.