Имаше различни обиди за провокација, мислам дека се однесувавме на најкоректен можен начин – како што налага одговорното политичко однесување, како што налага државништвото, изјави во Благоевград вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Бугарија Иван Демерџиев.
Коментарот на Демерџиев беше даден неколку часа откако бугарска делегација положи венци на гробот на Гоце Делчев во црквата Св. Спас“ во Скопје.
„Изјавите беа дека сите бугарски граѓани ќе бидат слободно примени да го почитуваат споменот на Гоце Делчев. Како што видовме, тоа не се случи. Но, на мојот колега повеќе пати му кажав дека таквиот пристап не ја покажува довербата и почитта што двата народа си ја должат еден на друг“, изјави министерот Демерџиев на новинарите во Благоевград.
„Повеќепати повикав ние како политичари да демонстрираме друг, поинаков од овој пат, а тоа е патот на меѓусебната доверба и почитување, кој ќе не одведе таму, каде што тие изјавуваат дека тргнале и каде сме ние – патот на европското семејство, рече вицепремиерот и министер за внатрешни работи.