Управата за јавни приходи (УЈП) објави дека е достапна нова верзија на мобилната апликација „МојДДВ“, наменета за корисниците кои се соочија со технички потешкотии при скенирање на фискалните сметки во изминатиот период, објави „Бизнис Инфо“.
Од УЈП апелираат до граѓаните кои имаа проблеми со функционирањето на апликацијата, да ја ажурираат „МојДДВ“ преку официјалните дигитални продавници, соодветно на типот на уредот што го користат:
Google Play Store – за Android уреди
App Store – за iOS уреди
Huawei AppGallery – за Huawei уреди
„Ажурираната верзија содржи технички подобрувања кои треба да го олеснат скенирањето и да го подобрат целокупното корисничко искуство“, информираат од Управата.
Од друга страна, оние корисници кои не забележале никакви проблеми, можат и понатаму да ја користат апликацијата без потреба од дополнителни интервенции.
За сите прашања или потребна техничка поддршка, граѓаните може да се обратат на е-поштата: [email protected].