Поранешниот американски претседател Доналд Трамп бара 10.000 милијарди долари оштета од Кина за нејзината улога во пандемијата на коронавирус и го повикува имунологот д-р Ентони Фаучи да објасни точно колку информации знае за работата во Институтот за вирусологија во Вухан.
Во својата изјава, Трамп го исмејувал својот научен советник за пандемија, тврдејќи дека спасил стотици илјади животи со тоа што се спротивставил на упатствата на Фаучи за сè, од затворање на границите, развој на вакцините и носење маски, пренесува „Јутарњи“.
„Сега сите, дури и таканаречените„непријатели“, ќе почнат да кажуваат дека претседателот Трамп бил во право во врска со кинескиот вирус што доаѓа од лабораторијата во Вухан“, додал тој.
„Преписката меѓу Фаучи и Кина зборува премногу гласно за секој што може да го игнорира. Кина треба да плати 10 милијарди долари на Америка и светот за смртта и уништувањето што тие го предизвикаа“, рече Трамп, повикувајќи се на повеќе од 3.000 страници на приватните електронски пораки на Фаучи од јануари до јуни 2020 година што ги добиле „Си-Ен-Ен“, „Вашингтон пост“ и „Базфид њуз“.
Републиканците тврдат дека е-мејловите докажуваат дека Фаучи знаел дека лабораторијата во Вухан спроведува експерименти со генетски модифицирани коронавируси.
Тие исто така покажуваат како тој бил предупреден за можноста за „бегство“ на вирусот од лабораторијата, додека тој постојано инсистирал на тоа дека пандемијата избувнала природно, со пренесување од животно на човек.