Вашата земја не е закана, тоа е можност за Грција “, рече поранешна европратеничка Марилена Копа .

Договорот меѓу Македонија и Бугарија е оптимистички знак, рече Проф. Мерилин Копа, предавач на Универзитетот во Атина во интервју за македонскотоonline издание MKD.mk.
Според неа тој знак, “го покажува патот напред”.
„ЈАс сум оптимисти, го делам тиа . Навистина мислам дека е дојдено времето за тоа. Двете страни изгубија премногу години со овој спор. Вистина е дека името е ирелевантно за секојдневниот живот на граѓаните, но за двете страни има голема симболична вредност. Сепак, грчката влада се чини посветена на наоѓањето решение. Да се надеваме дека конечно ќе може да зборуваме за напредок“.
Во одговор на прашањето дали навистина Грците гледаат закана од Македонија таа одговори:
“Македонија е географска област, поделена меѓу три држави: вашата, Бугарија и Грција. Она што го сакаме е решение кое може да ја разликува вашата земја од останатите. Може да има комплексно име со географски или друг елемент. Но, јас не мислам дека тоа се смета за закана. Ако двете страни се повлечат со еден чекор и се согласат за името, сè друго ќе се одлучува ” .
Според неа, грчката влада се чини дека е подготвена да најде решение. “Откако Никола Груевски направи кариера за прашањето за името, конечно имаме соговорник кој се чини дека е подготвен да најде решение. Мислам дека мнозинството во мојата земја сака конечна одлука. Вашата земја н е езакана, тоа е можност за Грција “, рече поранешна европратеничка Марилена Копа .
Во поглед на најавите за референдум во Грција по оваа прашање таа заклучува:
„Не мислам дека референдум е решението. Имаме одговорни влади во двете земји, кои имаат јасен мандат за сите прашања од внатрешната и надворешната политика. Сега е момент за вистинско лидерство, а не да се дозволи популизмот повторно да преовладее преку референдум“.
Копа е поранешна европарламентарка од Грција, сега професорка на Пантео универзитетот во Атина. До 2014 година беше членка на ПАСОК, кога ја напушти партијата поради несогласувања со ставовите на партиското раководство.